ИТ настан: Како до електронска продавница со платформата Modular

Modular.mk организира работилница за сите кои сакаат да ја искористат нивната платформа за создавање на електронска продавница.

Платформата овозможува простор за уметниците кои бараат место за да ги изложат и продадат своите дела. Modular на своите корисници им нуди простор за продажба на домашниот и странскиот пазар. Заинтересираните можат да се пријават пред 21 октомври. Работилницата започнува на 26 октомври во Јавна соба.

Учеството во работилницата е бесплатно. Oсвојувачите на првите награди имаат и дополнителни поволности, меѓу кои и зголемен број на места за производи на платформата. Така победникот во работилницата има можност за 10 дополнителни места за продажба. Повеќе податоци за работилницата на Facebook страницата или на вебсајтот на Modular.

За Modular имаме пишувано и во минатото, а и го прогласивме за еден од Најдобрите македонски стартапи за 2015-та

“Modular e еден од ретките македонски стартапи кој се занимава со уметност, и еден од ретките кој сака да користи 3Д принтер за изработка на персонализирани објекти и украси. Стартапот во декември доби грант од 30.000 евра од Фондот за иновации.” напишавме во текстот.

Во март минатата година, со основачот на Modular, Нина Ниневска, во кратко интервју продискутиравме за платформата:

„Идејата за Modular произлезе како резултат на одговорноста што ја стекнав низ долгогодишната практика на себе спознавањето, љубовта да го мотивирам, охрабрам другото битие да живее исполнет среќен живот и начинот на кој ги правам уметничките дела“, вели Нина Нинеска, основач на Modular.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии