ИТ настан: изложба на индустриски дизајн „Дизајнирање на еволуцијата“

„Дизајн е процес кој ја менува постоечката ситуација, во посакувана“, оваа дефиниција неодамна ја сподели легендарниот дизајнер Милтон Глејзер. Оваа недела студентите на насоката Индустриски дизајн од Машинскиот факулет ќе се обидат и да го потврдат ова.

Факулетот организира изложба под името „Дизајнирање на еволуцијата“ на која ќе бидат претставени дела дизајнирани на факултетот последниве три години.

„На изложбата ќе имате можност да уживате во најновите дизајни на светилки, мебел, техника, играчки, декоративни предмети и низа други производи изработени од вештите раце на младите дизајнери и со примена на најсовремени дизајнерски методи и алатки, а кои се резултат на нивната посветеност да се задоволат префинетите фантазии, желби и потреби на современиот човек.“, велат организаторите проф. д-р Татјана Кандикјан и проф. д-р Софија Сидоренко.

На изложбата ќе биде промовирана и брошура во која ќе бидат презентирани сите 127 претставени дела. Брошурата е издадена со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и Машинскиот факултет во Скопје.

ide-skopje

Настанот ќе се одржи во галеријата на Факултетот за ликовна уметност, а отворањето е на 1. декември од 19:00 часот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии