ИТ настан: #InstaMeetSkopje – 5 години подоцна

Во среда, на 26.јули 2017 година, пет години по првиот организиран собир на локалните Instagram ентузијасти, закажан е нов #InstaMeetSkopje. Со почеток во 19 часот, во градскиот парк во Скопје (кај Фонтана) љубителите на оваа, сега веќе масовно користена апликација, ќе се дружат и споделуваат фотографии на тема – движење.

За потсетување, првиот собир во 2012 година се одржа во Зоолошката градина во Скопје. Пет години подоцна популарност на сервисот за споделување фотографии е значително зголемена. Со тоа, зголемен е и бројот на нејзини корисници и љубители во Македонија.

“После првичните дружења, повеќе организирани изложби и општествено ангажирани иницијативи време е за нов опуштен локален собир. Денес Инстаграм има многу поголем број корисници, како глобално така и локално, различни форми на содржина, фото, видео, гиф. Овој сервис навистина стана глобален и сериозно доминира и кај индивидуалните корисници и кај брендовите“- вели Горан Костовски – Индог, еден од првите корисници и промотери на овој сервис.

Instagram денес е сервис со повеќе 700 милиони активни корисници на месечно, односно 400 милиони на дневно ниво. Во сопственост на Facebook под капата на Instagram постојат уште три други апликации кои се тесно поврзани со главната: Boomerang, Hyperlapse и Layout. Неофицијалните бројки за Македонија бележат повеќе од 250 илјади корисници.

“Во Македонија брзо се зголемува бројот на Инстаграм корисници, а со тоа и самата конкуренција и квалитетот на фотографии. Паралелно растат и локалните хаштази кои претставуваат заедници и онлајн директориуми за инспирација. Една од крајните цели на ваква мрежа е да се пренесат и во живо искуствата при фотографирање“- додава Филип Ѓорѓиоски од instagraphy.net.

#InstaMeetSkopje е организиран од група ентузијасти кои во минатото беа дел од различни Инстаграм иницијативи и кампањи (@indog, @dreadpen, @jasnatalija, @darko156, @kuzevskim). Истиот е поддржан и од it.mk, reborn.mk, instagraphy.net и revoshot.com

Повеќе на Facebook страната за настанот

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии