ИТ Настан: IDEA организира стартап натпревар за новинарски стории

Image Courtesy of StockSnap.io

Фондацијата за дебата и едукација IDEA Југоисточна Европа Скопје организира стартап натпревар за новинарски стории. Темата на натпреварот е „Развивање на дигиталното раскажување преку новинарски форми“.

Новинарскиот стартап натпревар е отворен за: новинари, граѓански активисти, програмери, ескперти за гејмификација и графички дизајнери. Учесниците поделени во тимови ќе треба да работат заедно и да креираат интерактивна содржина.

Натпреварот треба да донесе модерен начин на раскажување на приказните. Пријавените треба да учествуваат во една од следните категории:

  • Дигитално раскажување
  • Интерактивна онлајн игра
  • Развој на новинарски алатки

Дигиталното раскажување предвидува сторија која со текст, слики видео ќе презентира приказна соодветна за веб-презентација.

Интереактивната онлајн игра најверојатно е нешто на што најголем дел од читателите, но и новинарите не се навикнати. Учесниците или тимовите треба да креираат новинарска сторија чија презентација ќе биде се заснова на онлајн игра. Овој тип на приказни треба да им помогне на читателите интерактивно да се запознаат со приказната.

Последната категорија, развој на новинарски алатки се однесува на креирање алатки кои ќе ја олеснат работата на новинарите. Учесниците во оваа категорија треба да развијат алатка која ќе им помага на новинарите во пишувањето на нивните новинарски стории.

Пријавувањето за натпреварот е веќе отворено и ќе трае до 23.јануари 2017. Заинтересираните можат повеќе да се информираат и да се пријават за учество на веб-страницата на Story Incubator. На крајот на јануари во просториите на Seavus Incubator ќе се одржи хакатон на кој ќе бидат креирани првичните нацрти на идеите. По презентацијата на истите ќе бидат одбрани победниците кои својата замисла треба да ја завршат до 30.јуни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии