ИТ Настан: Хакатон за програмирање игри од Гете-институт

Ако Global Game Jam не ви беше доволен и сакате да креирате уште некоја игра, тогаш имаме добра вест за вас.

Gете-институт Скопје и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство- ФИНКИ организираат 24-часовен хакатон за креирање видеоигри. Настанот се одржува на 23 и 24 февруари, во просториите на факултетот.

Настанот е организиран по повод прикажувањето на интерактивната изложба “Games and Politics“ (Игри и политика) создадена од Центарот за уметност и медиуми Карлсруе (Zentrum für Kunst und Medien) во соработка со Гете-институт. Изложбата ги прикажува видеоигрите како социјални изјави и уметнички објекти и истражува како видеоигрите низ игра го развиваат нивниот политички потенцијал.

Пријавувањето е веќе започнато и е отворено за сите заинтересирани. Учесниците покрај просторот за работа и одмор имаат непрекинат интернет пристап, храна и пијалоци. Како и за Global Game Jam, учесниците треба да донесат сопствен компјутер.

По продуктивните 24 часа, стручно жири ќе ги избере најиновативните идеи и нивната реализација. За најуспешниот тим или поединец, Гете-институт Скопје ќе ги обезбеди патните трошоци за учество на друг сличен хакатон во регионот, велат од Гете.

Изложбата може да ја погледнете од 7 до 25  февруари, во аулата на Технолошки факултет во Скопје.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии