ИТ Настан: Слушајте предавања за Open Source на Hacktoberfest

Hacktoberfest е настан кој има за цел да го слави софтверот со отворен код. Средбата ќе се одржи во јавна соба со почеток од 18:30 на 25 октомври, среда.

Организацијата на настанот е на Adeva и GSIX, со поддршка oд GitHub и Digital Ocean.

Својата пасија за отворен код со присутните ќе ја споделат локалните ентузијасти:

  • Томче Делев, на тема “Зошто е добро да се користи софтвер со отворен код”;
  • Гоце Митевски, на тема “Зошто да се придоенсува во софтвер со отворен код”;
  • Игор Стаматовски, на тема “Од слободен софтвер до стартап – Едно патување”;
  • Дејан Новески, “Како да почнеш да придонесуваш во софтвер со отворен код”.
Настaнот е корисен и отворен за сите.  Корист ќе имаат и развивачите кои се  веќе запознаени со концептот и нови развивачи во областа, кои можеби бараат проекти за да се вклучат.
Следењето на говорите е бесплатно, но корисниците треба да го најават своето учество.
Повеќе податоци за настанот, програмата и за говорниците, можете да дознаете од официјалната странa.

1 коментар на “ИТ Настан: Слушајте предавања за Open Source на Hacktoberfest

  1. Здраво Дејан,

    Ако може само да се корегира името на мојата тема за презентацијата, името на македонски е „Од слободен софтвер до стартап – Едно патување“, преведена од англиски “From Free Software to Startups – A journey”.

    Ти благодарам за корекцијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии