ИТ настан: Гледајте ja презентацијата на Apple заедно со Web Factory

Презентациите на најголемите настани за мобилната технологија и овој пат нема да помине без дружба во канцелариите на Web Factory. Досега групно гледање од страна на оваа компанија беше организирано за неколку настани, помеѓу кои беа претходната: WWDC, Apple презентација и Google I/O.

Доколку сте вратени од годишните одмори и секако сте се одмориле, Ве покануваме заедно да го проследиме во живо еден од поголемите настани на Apple годинава. Поканата како и секогаш е од отворен карактер за сите оние кои што се заинтересирани да откријат како Apple го ре-измислиле влезот за слушалки и како новиот iPhone е потполно различен (но целосно ист како претходниот) и налик на ништо што сте виделе претходно :)“ велат од Web Factory.

Настаните се можност на исто место да се сретнат луѓе со слични интереси и одлична можност за дружење. Настанот започнува во 18:00 со запознавање, презентацијата на Apple е најавена за 19:00, потоа следи дискусија за новите продукти. Настанот на Apple ќе се одржи на 7. септември.

Единствено ограничување е бројот на места кои се достапни во канцеларијата. Сите заинтересирани би требало да го најават своето присуство порано.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии