ИТ настан: Гласајте за избор на најдобра општествена иновација – SMART Social Innovation Competition

SMART Social Innovation Competition (SIC) е регионален натпревар за избор на општествена апликација. Критериумот e помагање за решавање на некој посериозен општествен проблем. Во моментов изборот е отворен и потенцијалните корисници можат да гласаат.

Од Македонија номинирани се пет решенија:

  • One Can Make It Work
  • Make it Matter Macedonia
  • Recycle and Get a Bonus
  • GARB (Interactive eco-mobile application)
  • Reuse of Tarpaulin Waste for Bicycle Promotion

One Can Make It Work е проект за поддршка на самохраните родители. Платформата не само што треба да им помогне на самохраните родители да се грижат за своите деца, туку треба на општеството да му ги објасни проблемите. Ова во иднинa треба на самохраните родители да им помогне да имаат понормален живот. Идејата е да се создаде сервис на кој самохраните родители ќе можат да пронајдат работа. Да се помогне преку невладиниот сектор за обуки со кои овие луѓе ќе можат да обезбедат подобри услови за живот.

Make it Matter Macedonia е проект кој ќе овозможи координирање на локалните ресурси и производители. Ова ќе овозможи креирање на еко-систем на кој ќе се поврзе заедницата од Институтот за лица со специјални потреби од Демир Капија и невработените жени.

Recycle and Get a Bonus е идеја која треба да овозможи собирање на искористеното масло за готвење од домаќинствата. Искористеното масло за готвење ќе се собира во специјални машини,  а граѓаните кои ќе го „рециклираат“ маслото ќе добијат 10 денари за литар. Потоа искористеното масло ќе се пренесе во погон за преработка во кој ќе биде преработено во био-дизел.

GARB (Интерактивна еко-мобилна апликација) е мобилна апликација која ќе доаѓа со повеќе услуги за корисниците. Различни групи ќе добијат различен сет на апликации, пример ЈП Комунална хигиена и Пакомак ќе добиваат од сервисите податоци за диви депонии. Во зависност од распоредот, сервисот ќе предложи термин за собирање на отпадоците од овие локации. Граѓаните преку апликација ќе можат да пријават дива депонија.

Reuse of Tarpaulin Waste for Bicycle Promotion е уште едно решение кое ќе се обиде да го намали загадувањето. Решението подразбира собирање на прикладен отпад и креирање на дизајнерски торби за велосипеди. За ова решение е обезбедена соработка помеѓу дизајнерите кои креираат вакви текстилни производи и веќе постоечки апликации.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии