ИТ Настан: Endava ве повикува на Tech Flow конференција во Скопје

Endava ја организира првата Tech Flow конференција во Скопје. Настанот е наречен Agile Best Practices. Целта повторно е да се донесат на едно место сите ИТ професионалци и експерти. Ова е мотивирано од потребата за разговори и нови перспективи околу новите технолошки трендови.

Првите гости на Tech Flow се локален кадар на Endava. Џорџе Ангелаке, Габриел Преда и Алин Грама ќе го споделат своето знаење во кино Фросина на 17.мај. Влезот е слободен за сите, а Endava ги охрабрува сите ИТ професионалци, дипломци и ентузијасти да го посетат настанот.

„Џорџ Ангелаке е експерт со широко искуство во консултација на големи клиенти на полето на дизајнот и ефективна имплементација на проекти кои се реализираат на повеќе оддалечени локаци. Неговата презентација е посветена на најдобрите Agile delivery практики; проблемите при имплементација  на овој начин на работа и начините да се корегираат проблемите.

Габриел Преда е проект менаџер во Endava, а бил на повече различни Agile scrum позиции. Алин Грама e проектен менаџер, Scrum master и софтвер инженер. Двајцата ќе говороат за Agile Maturity Model. Ќе споделат како проценката на зрелоста на тимот и обликувањето на патот води кон оптимизиран агилен тим. Овој модел содржи аспекти од сите три клучни сфери опфатени во секоја агилна имплементација: процес, пат кон продукција и култура“, велат од Endava.

Повеќе податоци за настанот и апликации на веб-страницата на Endava.


Disclaimer: Endava има закупено рекламен простор за оваа конференција на IT.mk, но текстот не е спонзориран ниту означен како спонзориран од причина што се работи за бесплатен влез.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии