ИТ Настан: „Електричен полигон 3“ – едукација за електричните возила

Организацијата за електрични возила во Македонија – Електромобилност Македонија во текот на утрешниот ден, 19 септември, ќе биде дел од големиот настан „Европска недела на мобилност“ под мотото „Паметна мобилност, силна економија“.

Настанот е предвиден да започне во 09 часот на паркингот веднаш до aнекс просториите на Факултетот за електротехника и информатични технологии и Машинскиот факултет – Скопје.

„Во рамки на оваа прилика ги покануваме сите вљубеници во новите технологии на мобилноста да бидат дел од овој едукативен настан, да се дружиме со електричните возила, да ја подигнеме јавната свест и заеднички да придонесеме кон заштитата на животната средина и намалување на загадувањето. Ентузијасти со електрични возила се охрабрени и добредојдени.“ – велат од Електромобилност Македонија во своето ПР соопштение.

Овогодинешниот настан ќе биде збогатен со поголем број на електрични возила како е-велосипеди, е-скутери, мали електрични возила, електрични автомобили како и електричен картинг направен од страна на студентите и професори од Факултетот за електротехника и информатични технологии.

Извор Еlektromobilnost.mk

Извор Еlektromobilnost.mk

Сите информации за досегашните активности и проекти може да ги видите на сајтот на здружението и нивната Facebook страна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии