ИТ Настан: Дводневна конференција – МАСИТ ИКТ денови

Дејан Соколоски

во ИТ.МК

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии го најави одржувањето на дводневниот настан – МАСИТ ИКТ денови. Настанот е закажан за 26 и 27 септември, во хотелот Александар Палас.

Првиот ден од настанот ќе се дискутира на тема: “Регулатива на работните односи и пазарот на труд во рамки на ИКТ секторот”. Целта е да се обработат и дискутираат теми поврзани со законите за работни односи. На форумот ќе се опфатат теми за регулирање на работните односи, платите и надоместоците во овој сектор. Поважно, ќе бидат презентирани успешни примери и искуства од регионот чии модели на работа можат да се применат кај нас. Проектот има за цел пронаоѓање на решенија за подобрување на законите во функција на поефикасно работење на малите и средни претпријатија во Македонија.

Можеби поважната или барем поинтересната конференција се одржува вториот ден, на 27 септември. На вториот ден ќе се разговора за иновативни ИКТ решенија и трендови. Целта е да опфатат и дискутираат теми и прашања од областа на иновациите.

Дел од темите кои ќе бидат разгледани на вториот ден се: „Соработка помеѓу компаниите, науката и државата, и претставување на иницијативи за поттикнување и поддршка на иновативноста на мали и средни претпријатија“. На настот учесниците ќе се обидат да придонесеат и за нови решенија во услужната дејност и туризмот. Дел од компаниите кои учествуваат се дел од оваа индустрија, а ќе бидат споделени искуства од домашните ИКТ компании. Најавени се презентации на локални, но и глобални трендови.

Главен организатор на конференцијата е МАСИТ, во партнерство со Твининг проектот финансиран од ЕУ „Развивање соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“.

На настаните свој придонес ќе имааат претставници на комората, ИКТ компаниите, претставници од државните институции, странски и домашни експерти.

Учеството на форумот и конференцијата е бесплатно, но потребна е да го најавите учеството.Повеќе податоци и регистрација се достпани на Seeita.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии