ИТ Настан: CareerLaunch Talks – 7 говорници кои ќе ве натераат да започнете нова кариера

IT.mk е медиумски спонзор на CareerLaunch, текстот е ПР текст на Career Launch.


CareerLaunch е место каде што ќе го најдеш одговорот на прашањето „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?”

На 5-ти и 6-ти мај, петок и сабота во Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски”, Summer Work and Travel Alumni Македонија во соработка со Младински Инфо Клуб Скопје, ќе го организира вториот по ред CareerLaunch саем за започнување на кариера во иновативни ИТ и стартап компании. Настанот ќе трае од 14:00 до 19:00 часот и ќе учествуваат над 20 компании со отворени над 60 позиции за работа и пракса, 7 гости говорници и 8 работилници организирани од самите компании учеснички. Посетителите може да се пријават на следниот линк.

CareerLaunch Talks

Во петок, дел од  програмата на настанот ќе биде CareerLaunch Talks, каде успешни претприемачи и професионалци ќе говорат споделувајќи го своето знаење, совети и лекции за успех и кариера. Дел од говорите на CareerLaunch Talks се:

  • Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, еден од најистакнатите илустратори во Македонија кого најдобро го познаваме по Еднооки, Чунга Лунга и кучето Петко, во својот говор „Како до заработка со цртање чудовишта како фриленсер” ќе ги сподели своите практични совети околу фриленс кариерата и работењето од дома.
  • Блаже Аризанов, маркетер, писател и еден од основачите на храбриот индиски стартап “Stay Uncle” во неговиот говор „Од струмички чушки и френки до 1 милион долари” ќе сподели како да се пронајде и надмине својата среќна ѕвезда во градењето на кариерата.
  • Хајан Селмани, основач на HASELT ќе говори за пронаоѓањето на причините, твојата сопствена цел, и како да се ставиш себеси во најдобриот пат за успех. Хајан преку сопствени примери и лични искуства ќе сподели кои се најважните елементи и причини којшто треба да се разберат, со цел создавање најмногу од својата кариера.
  • Калина Зографска, remote продукт менаџер во својот говор „Господар или слуга, можам ли да бирам?- текст на САФ” ќе зборува за што значи да се работи remote, за професијата product manager, за надоградбата на себе и егото, и некои откритија околу пречките, менталната борба и техники за пробивање за кариера во глобални рамки, без делот за селење во странство.
  • Тања Таневска,  извршен директор на Vox Teneo за Источна Европа во нејзиниот говор „Разорната моќ на џепарлакот” ќе ја сподели својата лична приказна за кариерата каде цената за „слободата” е „одговорноста”
  • Глигор Дачевски, сериски претприемач, програмер и сопственик на DoX Team во неговиот говор „Како до квалитетна кариера со работа во македонски стартап” ќе сподели зошто одлучил да работи со неискусни програмери, да ги развива и да им пружи прилика постојано да работат на интересни проекти, со најнови технологии. Дознајте на кој начин тој ја негува културата каде вработените градат карирера преку креативност, учење од грешки и помош од поискусните.
  • Димитар Попов од Reborn, експерт по контент маркетинг и социјални медиуми кој преку создавање на проекти кои ќе ги ангажира и инспирира младите таленти се бори со одливот на мозоци. Тој во неговиот говор  „Зошто ја оставив кариерата во Америка за да станам претприемач во Македонија” ќе ја сподели својата приказна и совети зошто треба да се разгледаат можностите кои ги дава Македонија.

Посетителите ќе имаат можност да бидат дел CareerLaunch Talks каде ќе ги слушнат одблиску успешните приказни на македонските креатори.

Настанот е бесплатен. Пријавувањето е задолжително.

Пријавувањето е на следниот линк.


Disclaimer: IT.mk е медиумски спонзор на CareerLaunch.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии