ИТ настан: CareerLaunch – ИТ и стартап саем за вработување

Организацијата Summer Work & Travel Алумни Македонија и Младински Инфо Клуб — Скопје го организираат првиот ИТ и стартап саем за кариера кој ќе ги поврзе професионалците и талентираните студенти со македонски компании од овие индустрии.

“Преку саемот за кариера сакаме да им овозможиме на индивидуалците да ја пронајдат својата работа од соништата, а стартап компаниите да го унапредат својот тим со таленти кои ќе придонесат во реализацијата на идеите, иновативните проекти и нивниот целосен развој!”, велат организаторите.

Настанот, кој е бесплатен за сите заинтересирани, ќе се одржи во Среда на 13ти oктомври во Јавна Соба [Public Room] од 14.00 до 19.00 часот. Единствено што треба да направите е само да се пријавите бесплатно на следниов линк.

Дел од компаниите кои ќе може да ги запознаете ги вклучуваат МКхост, GSIX, Brainster, CodeWell, Inception Enterprises и iBorn. Предвидено е агендата да има презентации од прептриемачи, претставување на успешни македонски приказни, работилници со фриленс професионалци и мини-обука со експерт за човечки ресурси. Посетителите — “идни надежни претприемачи” ќе можат да се сретнат и со организациите кои поддржуваат развој на стартапи.

1 коментар на “ИТ настан: CareerLaunch – ИТ и стартап саем за вработување

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии