ИТ настан: Бесплатно предавање „Startup By Design“ во Seavus Инкубатор

Денеска, среда 7.декември, со почеток од 17-19 часот во просториите на Seavus инкубаторот ќе гостува UX дизајнерот со над 14 години искуство во компанијата SAP, Рана Чакрабарти. Тој ќе одржи бесплатно предавање на тема „Стартап преку дизајн“.

Рана ужива да дизајнира кориснички искуства и да ги обучува компаниите и стартапите во овој процес. UX дизајнот е една од гранките во процесот на дизајн која се занимава за односот и интеракцијата на потрошувачите и корисниците со самиот производ или услуга, од самиот почеток до крајот.

За жал, претпоставуваме дека во брзањето за претставување на овој настан, иако во него се зборува за важноста на UX дизајнот, организаторот воопшто нема посветено внимание на промотивната слика која вклучува лошо исечена слика од предавачот, логоа во ниска резолуција, лоша комбинација на бои и чудно позиционирање:

Слика испратена од ПР тимот на Seavus Инкубатор

Но горенаведеново нека служи само како мотивација да го посетите предавањето на Рана Чакрабарти, кој има 14-годишно искуство во една сериозна компанија како SAP, на која ќе ви посочи како да не правите вакви грешки во иднина и да ги искористите UX/UI принципите за да направите соодветна презентација на вашите продукти и услуги.

Настанот е овозможен од Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact.

Линк до Facebook настанот

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии