Без сомневање најдобрите настани се организираат благодарение на ентузијазмот на организаторите. Пред само три недели Balkan Changemakers’ Weekend беше само идеја на кафе; веќе овој викенд, Струга ќе биде домаќин на дваесетина луѓе, од седум држави, од Југоисточна Европа.

„Кога ќе патувате низ Балканот, ќе сфатите дека најголемиот дел од луѓето се жалат и песимизмoт им е длабоко под кожата. Но, постојат неколку исклучителни луѓе кои тешко се справуваат со статус кво. Здружување на овој тип на луѓе, во една просторија, ќе ја направи истата многу влијателна.“, вели Армин Коњалиќ, еден од организаторите на настанот.

bcw-struga

Главна тема на настанот е: Како да се продолжи да се инспирираат и мотивираат луѓето да се стремат кон претприемништво и развивање иновативни бизниси? Гости на настанот се лидерите на дигиталните заедници од: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово и Србија. Доколку биде успешен настанот ќе треба да излезе со неколку пилот проекти кои ќе се имплементираат во целиот регион.

„Многу сум среќна што ја имам оваа можност да сум дел од организацискиот тим на Balkan Changemakers’ викенд, кој е прв настан од ваков тип. Возбуденa сум да видам какви проекти ќе успееме да развиеме. Оваа иницијатива е тука и за да се покаже дека стартап заедници од балканските земји можат да соработуваат и да прават промени заедно. Се надевам дека овој настан ќе стане традиција и следната година ќе имаме и други балкански земји кои ќе се приклучат.“ – Нина Николиќ, организатор на настанот.

Balkan Changemakers започнува во петок 26 август во Струга. Учесниците се SECO EP од: Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина; Oficina од Тирана; HUB385 од Загреб; Иновативен центар во Косово и УНИЦЕФ иновации Lab Косово во Приштина; и StartUp Grind и Startup Weekend во Скопје. Присутни ќе бидат членови на start-up заедниците, како и основачи на стартапи вклучувајќи ги Imagga од Бугарија, Vollo од Хрватска и Brainster од Македонија.

„Забележав дека има мноштво на брзо-растечки организации посветени на технологијата и претприемништвото. Сепак, тоа бара тим од креативни, информирани и посветени умови, кои ќе помогнат околу тоа како да се инспирира многу поширок спектар на луѓе. Да им се пријде во нивните животи со претприемачки начин на размислување и да гинурне во стартап светот… Мислам дека успеавме да собереме група на учесници кои се добро потковани за да се справат со овие предизвици. Пресреќна сум и од соработката со Нина и Армин. Како ко-организатори, заеднички успеавме да го склопиме овој настан, кој ќе биде еден ран чекор во прекуграничната соработка, за да се поттикне растот на стартап екосистемите во регионот.“, вели Мерилин Харис.

Организацијата на овој настан е поддржана од SECO програмата за претприемништво (SECO EP), проект поддржан од Владата на Швајцарија и имплементирани од страна Swisscontact, заедно со J.E. Остин.

 

2 коментари на “ИТ настан: Balkan Changemakers’ Weekend

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии