ИТ настан: “Ask me anything” со Волфганг Книејски

Претседателот на комитетот за одобрување на инвестиции на Фондот за иновации и технолошки развој, Волфганг Книејски  ќе одржи AMA сесија. Настанот организиран од Фондот за иновации и технолошки развој ќе се одржи на 15 февруари во ТЦЦ Гранд Плаза.

Image courtesy of FITR Facebook

Говорот на г. Книејски ќе биде на англиски јазик, што е нешто што мора да се има предвид за сите кои сакаат да го посетат настанот.  Тој e член на тимот за развој на бизниси во EIT Digital Accelerator; и основач на Заедницата за пристап до пазари за дигитална инфраструктура и технологии. Освен ова г. Книејски работи на меѓународната мрежа за партнерство за трансфер на технологии и интернационализација на мали и средни претпријатија, а има и искуство со стартап компании како и поддршка и развој на бизнисот.

Сесијата започнува од 11:00, според најавата ќе трае до 13:00. Настанот е помогнат од Швајцарската агенција за развој и соработка. Заинтересираните можат да се пријават тука.