ИТ настан: Ангел-инвеститори и како да се мотивираат македонските стартапи

Impact Hub Skopje организира интересен настан на кој ќе се зборува за стартапи и за пари. На настанот закажан за 2-ри јуни ќе гостуваат Мајкл Голдберг, претприемач и професор на Weatherhead School of Management, чиј Coursera курс може да го ѕирнете тука; и Даринка Буровска од Nottingham University Business School која направи истражување за македонските стартапи.

Нивната задача ќе биде да споделат идеи и мислења како и дали можат македонските стартапи да привлечат инвеститори што ќе им помогнат да го реализираат својот продукт, и од стартап да прераснат во иновативна компанија. Г. Голдберг е експерт за стартапи во транзициска економија што додава вредност на предавањата, велат од Impact Hub Skopje.

Настанот е отворен за сите заинтересирани, поточно за стартапите кои сакаат да научат како да привлечат потребен капитал. „Се чувствува создавање на стартап заедница која сака да ги подигне своите идеи во Македонија, и за многу кратко време може да има се повеќе стартапи, но ние како организации сме должни да ги мотивираме и да им обезбедиме пристап до експерти, акцелерација и фондови“, велат од Impact Hub Skopje.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии