ИТ Настан: 12-неделна пред-акцелераторска програма во CEED Hub за дизајнерски стартапи

CEED Hub организира бесплатна акцелераторска програма за сите дизајнерски стартапи. Повикот се однесува на сите, без разлика дали се работи за графички или индустриски дизајн; дополнително CEED Hub се подготвени и за консултации и за други, поинакви идеи.

Акцелерацијата ќе трае 12 недели, а партнери на CEED Hub на програмата зголемување на пазарната вработливост се: Swisscontact и ПРЕДА Плус, финансирана од страна на Swiss Agency for Development and Cooperation (SDC). На обуката може да се приклучат млади дизајнери претприемачи,  новоосновани стартапи, што имаат интерес да ги прошират своите услуги и својот бизнис.

Освен обуката, учесниците ќе добијат и контакт со компании кои имаат потреба од продуктите кои тие ги развиваат. Дополнителни сите производи можат да бидат линкувани до Клубот на бизнис ангели на CEED.

Во програмата ќе учествуваат 10 стартапи. Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот линк или да испратат пошта на ehadji-pecova@ceed-macedonia.org. По изборот соодветните стартапи ќе бидат повикани за учество во пред-акцелераторската програма.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии