Наскоро во автобусите на ЈСП ќе се возите со електронска картичка

Од август во автобусите на ЈСП и на приватните превозници во Скопје треба да започне наплатата со електронски картички. Инсталирањето на опремата ќе се одвива во неколку фази и нема да го наруши нормалното одвивање на превозот на патниците, велат од ЈСП за Утрински весник. Уредите за електронска наплата ќе се монтираат во 500 автобуси, 350 на ЈСП и 150 на приватните превозници. Електронските картички ќе можат да се купат на три локации од машини за продажба, но и на 58 продажни места. Најавена е набавка на 200.000 картички за патниците.

„Со воведувањето на овој современ систем, Градот и граѓаните ќе добијат повеќе придобивки како што се следење на автобусите во реално време, запазување на пропишаните возни редови, како и овозможување благовремени корекции и намалување на времето на чекање, согласно со моменталните случувања во сообраќајот. Покрај тоа, ЈСП ќе добие современа алатка за димензионирање на превозните капацитети по линија, како и за автоматско генерирање возни редови. Сето ова ќе придонесе за подигање на квалитетот на услугите, зголемување на бројот на патници, како и зголемена наплата“, објаснуваат од Град Скопје.

Покрај системот за електронски на 50 автобуски станици ќе бидат поставени и информативни дисплеи преку кои граѓаните на Скопје ќе можат да се информираат за колку време ќе пристигне некој автобус. За реализација на оваа замисла сите автобуси ќе бидат поставени GPS-уреди. Oфицијалното пуштање е најавено за 1 септември. Вкупната вредност на пректот заедно со картичките е 182 милиони денари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии