1 коментар 1 мин. читање

Наскоро Twitch ќе биде единствено место за гејминг стримови

Најголемата платформа за стримање на видеоигри во живо, Twitch наскоро ќе воведе промена. Додадената функционалност ќе ја направи платформата уште поатрактивна за стримерите.

Twitch наскоро ќе започне да продава видеоигри, а како мало продолжение на оваа функционалност ќе им овозможи на каналите да продаваат игри. За секоја продадена игра, стримерите партнери ќе добиваат 5% од продажбата. Најголем дел, 70% оди за креаторот на играта. Ова е одлична можност и за креаторите на видеоигри и за стримерите. Стримерите имаат публика која е најзаинтересирана за производот, а и презентацијата тешко да може да биде подобра.

Дополнително купувањето на игри од Twitch ќе има повеќе поволности за купувачите. Ќе се отклучуваат различни емотикони, беџови или Twitch парички, но и други слични производи, јави Verge.

Дел од издавачите веќе имаат договор со Twitch за продавање на видеоигри. Ubisoft, Telltale Games и Paradox се најголемите издавачи кои своите игри ќе ги продаваат на Twitch. Засега е нејасно дали Twitch ќе дозволува спонзорирање на стримерите од развивачите на видеоигри, иако според примерите на YouTube ова не може да се запре.

Иако недостасуваат игрите од најголемите издавачи, ова секако е еден од најголемите предизвици за Steam досега.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top