Наскоро стартуваат Google+ корпоративни профили?

Иако пред само неколку дена Google+ ги предупреди компаниите да не брзаат со отворање корпоративните профили и дека дури за неколку месеци ќе следува соодветна платформа за нив, се чини дека бизнис корисниците многу поскоро ќе го најдат своето место во Google+.

Кристиан Оестлен, продук менаџер во Google, во еден од своите постови на Google+ го објави следното: „…се фокусираме на одбирање на различен сет на бизнис партнери за тест периодот. Ќе комуницираме со нив во следната недела, а многу наскоро потоа ќе му објавиме на светот кои се тие.“ Во својот пост тој изјавува дека големиот интерес на компаниите придонел за забрзување на оваа процедура и дека интензивно се работи на што поскоро претставување на корпоративниот дел на Google+.

Веројатно овој потег е и директен одговор на многуте компании кои повлечени од неверојатно брзиот пораст на корисници на мрежата, веќе започнаа да креираат профили. Google стоејќи зад тоа дека платформата моментално (но не и за долго) не е во состојба да пружи соодветно претставување на компаниите, мораше да премине на бришење на корисничките профили кои се отворени од страна на компаниите и истовремено да најде долгорочно решение за овој проблем.

Во моментов на компаниите им е овозможена опција за аплицирање за влез во датабазата на „среќници“ кои ќе можат да го користат Google+ за време на тест периодот, која на некој начин би требало да служи и како најава за скорешното лансирање на корпоративните страници. Апликацијата се наоѓа на овој линк, а Google ќе одлучи кои компании ќе ја добијат привилегијата први да ја испробаат оваа друштвена мрежа.

Големиот интерес за корпоративните профили придонесе и веќе да почнат да се појавуваат и предвидувања за нивниот изглед, еден од засега најиздржаните е концептот на поранешниот потпретседател на MySpace, Шон Перцивал , кој своето предвидување го прикажува на неговиот блог.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии