Наскоро сметки ќе може да се плаќаат директно во Outlook

Image courtesy of Microsoft

Microsoft на Build 20178 конференцијата најави дека наскоро ќе може да се плаќаат сметки директно преку Outlook.

Можноста ќе доаѓа преку Microsoft Pay системот, а корисниците ќе можат да платат фактури без да излезат од Outlook. Ова секако значи и дека нема да бидат потребни никакви други апликации и сервиси кои би му требале на корисникот за наплата. Дел од платформите кои ќе го поддржуваат Microsoft Pay се: Stripe, Braintree, Zuora, FreshBooks, Intuit, Invoice2Go, Sage, Wave и Xero.

Целиот новитет се темели на нова фукционалност која овозможува разговорот во Outlook да биде повеќе од размена на пораки. Adaptive Cards  ќе овозможува да се вметне опција за акции директно во пораките. Со ова компанијата смета дека и самите пораки ќе бидат покорисни. Акциите ќе можат да одговорат на различни бизнис процеси, врски со пошта, календар, податоци за контакт и слично.

Компанијата се обидува да го интегрира и Fiserv преку Fiserv Innovation Network, но тоа ќе остане за подоцна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии