Наскоро Скопје ќе го добие првиот електричен автобус

Скопјани наскоро ќе можат да се возат со електричен автобус. Автобусот е произведен од израелската компанија Chariot Motors и ќе вози на линијата „15“.

Возилото може да превезува 85 патници, а пробниот период ќе трае шест месеци. Автобусот ќе биде дел од јавниот превоз и ќе вози како и останатите автобуси на оваа линија. Постројките за полнење на батеријата се во Ново Лисиче и во Карпош 4, јави РадиоМОФ.

По пробниот период, градот Скопје треба да одлучи дали ќе набави вакви автобуси. Електричните автобуси се многу потивки од стандардните автобуси и не загадуваат во реонот во кој возат.

Цената на автобусите на Chariot е помеѓу 450 и 500 илјади евра. Сепак 15-ка поминува по 300 километри секој ден, електричната верзија за ова ќе троши 21 евра, а дизел автобусите трошат 121 евро секој ден, пишува Фокус.

Иако ова е првиот ваков автобус во Скопје, Chariot Motors не е прв пат во регионот. Автобуси на компаниајта возат на улиците на Белград и Софија. Компанијата има автобуси и во Грац и секако, во Тел Авив.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии