Наскоро Samsung ќе претстави телефон со флексибилен екран?

Дејан Соколоски

во Мобилни

Image courtesy of Samsung / Facebook

Телефоните чии екрани може да се превиткаат одамна ветуваат дека ќе се појават на пазарот. За жал иако секој поважен настан последниве години има некаква најава за телефон со екран кој може да се превитка досега ваков телефон нема.

Ова можеби наскоро ќе се промени. Samsung ќе ја одржи својата „Developer Conference“ оваа недела, а Facebook профилот на компанијата доби нова слика. Според она што се навестува од сликата, Samsung ќе претстави телефон кој се превиткува.

Можеби вистинско прашање не е дали ќе биде претставен телефонот, туку колку ќе биде интересен за корисниците. Овие телефони вообичаенo се користат како престиж за можностите на компаниите, а не како вистински корисен уред за купувачите. Секако останува и прашање дали купувачот би бил заинтересиран за ваков 2 во 1 уред; кој би можел да работи како телефон или како таблет компјутер.

Конференциајта на Samsung е закажана за 7 и 8 ноември. Иако Samsung вообичаено претставува софтвер или платформи како Bixby, презентирањето и на телефон нема да биде изненадување. Ако сепак нема уред на овој настан, компанијата би можела да го претстави телефонот и на Consumer Electronics Show или на Mobile World Congress. Иако објективно ова би било премногу рана најава за тие настани кои се во 2019 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии