Наскоро поголема приватност на Android

Google објави дека Android наскоро ќе добие „DNS over TLS“. Надградбата ќе им оневозможи на интернет провајдерите да дознаат кои страници го посетувате.

Сега кога корисникот внесува адреса во прелистувачот ова го прави преку UDP или TCP протокол. Како последица на ова, интернет провајдерите и било кој, што ја гледа конекцијата, знаат кои страници ги посетувате.

DNS преку TLS е протокол преку кој DNS барањата ќе бидат подеднакво заштитени како HTTPS, објаснува XDA-Developers. Благодарение на ова, корисникот ќе може безбедно да посетува веб страници.

По промените, интернет провајдерот ќе знае точно кога се поврзувате на некоја веб-страница. Сeпак нема да може да направи разлика на која страница се поврзувате.

Но, ниту ова не гарантира потполна приватност. За потполна безбедност најдобро е користење на VPN. Секако за ова е потребен безбеден VPN провајдер.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии