Наскоро PayPal уплати во Србија?

Граѓаните на Србија наскоро би можеле да примаат пари, односно да продаваат преку PayPal. Се чини дека последната пречка за трансферите на пари од странство беа законите во Србија. Со промените кои ги донесе српската влада, овие пречки се отстранети. Дел од пречките сè уште се присутни, пример, законите бараат задолжителен печат во документите за тргување.

Со промената граѓаните на Србија ќе можат да имаат единствена сметка за сите држави, јави Netokracija.

Сепак дел од проблемите остануваат, па префрлањето пари од странство нема да биде толку едноставно, вели Слободан Марковиќ од United Nations Development Programme за Србија. Така за плаќање кон странство потребна е проверка на документите, без дополнително да се објасни дека овие документи можат да бидат и во електронска форма.

Владата на Србија им наложи на сите органи на државната управа да ги прилагодат законските решенија и да овозможат тргување без користење на печат. По усогласувањето на законите ќе дознаеме дали баш неусогласеноста на законите е проблем или има и нешто повеќе од тоа.