Наскоро очекувајте игри на Google+

Со стартувањето на Google+ започнаа да се шират претпоставките кога Google ќе ја претстави платформата за друштвени игри. Последна информација во врска со платформата за игри дојде од Google+ центарот за помош каде беше најавен посебен стрим за игри. Моментално таа информација е тргната.

Се претпоставува дека во наредните неколку недели би требало да го очекуваме стартувањето на новата друштвена платформа за игри која ќе има за цел да им конкурира на веќе етаблираните друштвени платформи за игри на Facebook и Apple.

Google, учејќи од грешките на Facebook, со Google+ конечно успеа да направи платформа која сигурно ќе привлече дел од корисниците на Facebook. Истиот принцип Google планира да го употреби и за игрите. Доказ за тоа е информацијата дека сите нотификации за игри во Google+ ќе бидат дел од посебен стрим, за разлика од Facebook, каде постојано сте бомбардирани со покани за учество во нови игри, како и со нотификации за успехот на вашите пријатели.

Лансирањето на платформата за игри на Google+, ќе им биде од голема корист и на девелоперите на игри, кои ќе имаат уште еден извор на приход. Уште една причина за девелоперите да се префрлат на Google+ ќе бидат далеку подобрите услови. Google+ ќе зема помалку од 30% од профитот како што зема Facebook од секоја трансакција со Facebook Credits кои станаа стандардна виртуелна валута на мрежата за купување виртуелни добра. Сите игри ќе бидат хостирани на Google+ серверите, што ќе овозможи поголема стабилност и брзина.

Се разбира, за сето ова да се оствари, игрите ќе треба да имаат стотици милиони корисници, но со брзината со која расте Google+, не верувам дека за тоа ќе треба уште многу време.

4 коментари на “Наскоро очекувајте игри на Google+

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии