Наскоро, нов NASA Space Apps Challenge 2018

NASA Space Apps Challenge 2018 повторно ќе се одржи во Македонија. Како и досега, хакатонот го организира New Man’s Business Accelerator со поддршка од Амбасадата на САД.

Промената е во тоа што овој пат наместо хакатон ќе има и акцелераторска програма – „Space Startups Launchpad“. Програмата се одржува од ноември 2018, до мај 2019. Поддршка на NewMan’s за ова ќе биде фондацијата Голдилокс.

Можност за учество во програмата имаат сите учесници на NASA Space Apps хакатоните.

Акцелерацијта ќе продолжи по одржување на NASA Space Apps Challenge 2018.

NASA Space Apps Challenge

Како и досега хакатонот е глобален настан и ќе се одржи на повеќе локации во светот истовремено. Настанот започнува на 19 октомври и ќе трае до 21 октомври. Категориите за натпреварот оваа година се веќе достапни и може да ги прегледате тука.

Ова е шести пат да се одржи хакатонот, а интересот за настанот е огромен.  На натпреварот учество земаат повеќе од 800 претприемачи, програмери,  инженери,  дизајнери, истражувачи, економисти, научници, средношколци и студенти. Македонските тимови се дел од поуспешните на натпреварите. Еден од тимовите патуваше и во NASA Kennedy Space Центарот во Флорида на средба со претставници од NASA.

Победнички тим на NASA Space Apps Challenge директно ќе обезбеди учество во акцелераторската програма.

Заинтересираните може да се пријават на NASA Space Apps Challenge Macedonia на следниот линк.