Во првата четвртина на 2011 година, Фондацијата за одржливи информатички решенија Метаморфозис ќе го спроведува проектот Активно граѓанско учество преку употреба на нови технологии, во чии рамки ќе се создаде Wiki.mk, кој опфаќа поставување на повеќе вики-портали непосредно достапни на локалните заедници. Овој проект ќе се реализира во соработка со Викимедија Македонија, која е задолжена за техничката реализација и теренските подготовки, како и со повеќе други невладини организации на локално ниво.

Потребата за ваков проект доаѓа од хроничниот недостиг на информации од локално значење – во повеќе општини во Македонија, на пример, единствен извор за информации се веб-страните на локалната самоуправа, кои, како што знаеме, ретко се ажурираат. Освен тоа, недостигаат веб-простори за заедничка комуникација. Поаѓајќи од успехот на слободната енциклопедија Википедија, како и некои локални вики-портали (на пр. Wikimanche), Метаморфозис сака да ја промовира вики-технологијата како ефтино и ефикасно решение за овие проблеми.

Конкретните уреднички насоки на вики-порталите ќе дадат невладините организации кои ќе ги администрираат проектите на локално ниво. Секако, се очекува дека уредувањето на содржините со текот на времето да го преземат непосредно граѓаните. Проектот започнува во Скопје, Велес и Дебар, а подоцна кон проектот ќе се приклучат и други општини.

На долг рок, проектот wiki.mk има за цел да ја подигне јавната свест за активно граѓанско учество преку нови технологии, преку јакнење на капацитетот на невладините организации и активисти (индивидуалци и неформални групи) за нивно користење. Се работи за повеќемесечен проект во кој ќе бидат инволвирани повеќе формални и неформални организации и индивидуалци и се очекува во блиска иднина да биде зачеток на вики-култура на слободно споделување на знаења и слободна соработка.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии