Наскоро ќе можете да го отклучите вашиот iPhone дури и да носите маска

Со оглед на тоа да пандемијата не попушта, технологијата започнува со интересно прилагодување на неа. Еден таков пример е можноста да бидете препознаени од телефонот дури и да носите маска. Имено, сега доколку пробате да го отклучите вашиот iPhone додека носите маска, детекцијата на лице ќе биде неуспешна и ќе се бара да го внесете вашиот код.

Еден од новитетите на надополнувањето iOS 14.5 ќе биде да ви дозволи отклучување на телефонот додека носите маска. Решението воопшто не е магично и за да може да бидете препознаени потребно е да носите и Apple часовник.

Оваа надополнување сеуште е во бета верзијата, а се очекува да пристигне овој месец, најдоцна – април. Во случај да сте заинтересирани и за некои други промени кои ќе бидат донесени со надополнувањето:

  • Поставување одреден музички плеер да биде главен за репродукција музика
  • Над 200 нови емоџи
  • Стриминг на Fitness Plus вежби со AirPlay
  • Поголема транспарентност при собирање податоци
  • Глобална поддршка на dual-SIM 5G
  • Сири ќе може да вика полиција или брза помош
  • Поддршка за PS5 и Xbox Series X контролери

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии