Наскоро ќе може да се купува облека директно од Google пребарувачот

Image by Google

Google постојано е чекор пред конкуренцијата, барем кога онлајн рекламите се во прашање. Наскоро корисниците кои го користат пребарувачот за барање облека, ќе можат истата да ја купат директно од самите резултати, јави Verge.

Компанијата веќе има неколку партнерства со компании кои ќе можат да ги понудат своите производи. Рекламите ќе им бидат прикажани на корисниците кои ќе бараат некаква облека; без разлика дали бараат летен фустан или свечена кошула. Доколку корисникот купи производ на овој начин, продавницата ќе плати за рекламата.

Со ова Google ќе може да испорача многу повеќе од спонзорирани резултати во рекламите. Наместо корисникот да оди и да бара облека (во иднина без сомневање ќе бидат додадени и други производи) на веб-страниците на продавниците, ќе може да го направи истото директно од пребарувачот.

Засега функционалноста е во тест фаза на мобилните уреди во САД. Google ги повикува сите заинтересирани компании и продавници да креираат своја кампања.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии