Наскоро ќе видиме и поевтина верзија на Nexus 7?

На интернет се појавија гласини дека Google работи на компјутерски таблет кој ќе чини само 99 долари. Тој таблет компјутер би бил сличен на Nexus 7, но со послаб хардвер. Имено, на GLBenchmark се појави таблет, именуван како „Asus ME172V“ за кој се шпекулира дека ќе биде таа поевтина варијанта.

 Според информациите на GLBenchmark, таблетот би имал 7 инчен екран со резолуција од 1024х600 пиксели. Процесорот би работел на 1GHz, би содржал 1GB RAM меморија, 8GB интерна флеш меморија, батерија со капацитет 4270 mAh и работи на Android 4.1.1 Jelly Bean. Исто така, од објавените информации може да се види и дека на уредот може да се постави и microSD картичка, што не е случај кај актуелниот Nexus 7.

Asus во септември демантираше дека заедно со Google работат на поевтина верзија на Nexus 7, а можеби ова е и самостоен проект на Asus. Колку ќе биде квалитет овој уред и дали воопшто ќе излезе таков уред на пазарот, останува да покаже времето. Но, доколку се појави сигурно ќе биде хит кај корисниците кои не можат да си дозволат скапи таблет компјутери како iPad или Microsoft Surface Pro

2 коментари на “Наскоро ќе видиме и поевтина верзија на Nexus 7?

  1. Јас мислам декa Asus работи самостојно на таблетот, и ќе проба да го продаде на стара слава од Nexus 7 без помош на Google од неколку причини.
    -Телефонот работи на 4.1.xx, а ако беше Nexus ќе работеше и тестиран првично за 4.2.xx.
    -Google штотуку објави 2 нови нексуса, кој и по еден месец се тешко да да се купат.
    -Не вервам дека Google би оделе до толку low end било каде. Nexus 7 не е евтин дека е слаб, туку дека има многу мал ќар за проиводителот и продавачот. Мислам дека на 16GB беше 20$ долари а за 32GB негде 35$

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии