Наскоро ќе може веднаш да си ја верификувате локацијата на Foursquare за 10 долари

Сервисот за локација најави дека на бизнисите во САД, и наскоро ширум светот, ќе им дозволи да платат за брзо верификување на локациите. Цената за брзо потврдување на уникатноста на бизнисот е 10 долари. Верификувањето на локацијата преку имејл останува бесплатно, но ќе мора да почекате скоро месец дена додека да добиете одговор од Foursquare.

Со верификување на локацијата, бизнисите можат да ги користат бесплатните алатки на Foursquare за нудење на попусти, промоции и добивање статистика за посетителите. Сите овие алакти ќе можат да го истакнат бизнисот пред 20-те милиони корисници на Foursquare.

Македонските бизниси ќе мора да почекаат за оваа опција да стане достапна и во земјава, за да можат брзо да ги верификуваат локациите и да понудат промоции на се поголемата македонска Foursquare заедница. Доколку не ви се плаќа, тогаш верификувајте преку мејл.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии