Наскоро ќе може вашите Facebook фотографии да ги пратите како разгледница по пошта

Facebook најави дека во иднина ќе можете своите Facebook фотографии да ги користите како разгледници. Иако се разбира дека и до сега можевте да ги испраќате фотографиите како дигитални разгледници, овојпат станува збор за вистински, хартиени разгледници кои пристигаат со пошта. Кога услугата ќе биде достапна на сите, корисниците ќе забележат ново копче „испрати како разгленица“ под фотографиите.

Услугата е на компанијата Sincerely чии претходен сервис е многу сличен на овој, односно се работи за креирање и испраќање на разгледници од Instagram фотографии. Покрај фотографијата, сервисот овозможува и додавање на порака од задната страна на разгледницата.

Сега за сега услугата е во фаза на тестирање, а ќе биде понудена на сите корисници на друштвенатаа мрежа откако ќе го одредат вистинскиот начин за наплата, изјавија за Mashable претставниците на Facebook. Нема многу детали дали и како оваа услуга ќе биде овозможена за македонските корисници, пред се нема детали за како ќе се наплаќа и колку ќе чини да биде испорачана една разгледница?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии