Наскоро ќе може да регистрирате кирилични.мкд домени

Македонија е една од ретките земји, покрај Русиja, Бугарија и Србија, која ќе има домен на кирилица. Така, на пример, наместо да пишувате „kirilica.mk“, наскоро ќе може да отворите сајт со внесување на „кирилица.мкд“. Идејата со кириличните домени, кои беа одобрени од ICAAN уште пред две години, е да им обезбеди на корисниците полесно да пристапуваат до домените на мајчината азбука, и секако да направи поинтересна конкуренција околу имињата на домени.

„Со националниот домен (.мкд) ќе можат да се регистрираат веб страници на кирилично писмо кои што до сега не можевме, односно ќе бидат опфатени карактеристични букви од нашата азбука како што се Љ, Њ, Ѓ, Ж, Ч, Ш, Џ. Такви примери се Ченто.мкд, Чаир.мкд, ЃорчеПетров.мкд, Љубаништа.мкд, МаџарМаало.мкд, Коњаник.мкд, Живојно.мкд, Жабени.мкд и голем број други примери“, објасни ИТ министерот Иво Ивановски.

ИТ министерот отиде чекор подалеку обвинувајќи ги соседите дека го „наметнуваат неправди со омаловажувење на македонскиот јазик“, па .мкд доменот демек ќе направи некоја посеба промена во меѓународната полика. Во реалноста, .мкд доменот ќе им користи најмногу на македонските граѓани да им го олесни сурфањето на интернет. Ова посебно важи за постарите граѓани над 55 години од кои дури 70 отсто се изјаснија дека воопшто не користат интернет, ниту имаат потреба од него.

Кириличните домени ќе бидат достапни откако Интернет корпорацијата за доделување имиња (ICANN) ќе ги внесе .мкд доменот во системот.

6 коментари на “Наскоро ќе може да регистрирате кирилични.мкд домени

  1. … го „наметнуваат неправди со омаловажувење на македонскиот јазик“, …

    … koj, i sto sakase so ova i ovde da kaze… ministerot ili novinaror?

  2. Мене ме интересира како ние што не користиме македонска поддршка ќе можеме да пристапиме до тие домени што се на македонска поддршка?

  3. Ако убо сватив до тексто, граѓаните над 55 год. како демек ќе користат интернет ако има кирилица домеин така? o.O

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии