Наскоро ќе има PlayStation игри за Android телефоните на HTC?

Tajванскиот HTC до крајот на годината ќе биде првиот производител на паметни телефони кој ќе има сертификат од Sony за користење на PlayStation продукти, пишува Pocket-lint. Според нивните извори, оваа соработка ќе биде објавена јавно на Mobile World Congress во Барселона кој ќе се одржи од 27 февруари до 1 март.

Соработката би се состоело во користење на PlayStation насловите да се играат на паметните телефони на HTC кои работат на Android опeративниот систем. Sony уште пред една година најави дека сакаат да го прошират „PlayStation искуството“ и на другите платформи. Тоа ќе биде овозможено со PlayStation Suitе, која е софтверска платформа што ќе дозволи симнување на игри од PlayStation Store на било која сертификувана опрема.

Секако, PlayStation игрите нема да бидат со најголем квалитет поради ограничените хардверски перформанси на паметните телефони и таблет компјутери, но ќе бидат од квалитет на PlayStation One, што е сосема доволно за малите екрани.

За HTC оваа соработка ќе ги стави во одлична позиција на пазарот на паметни телефони. Покрај доброто аудио со аквизацијата на Beats, HTC телефони ќе имаат и пристап до PlayStation игри, правејќи ги одличен избор за корисниците кои сакаат мобилна забава.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии