Наскоро и Lenovo, ZTE и LG ќе продаваат Windows Phone телефони

Microsoft се пофали со имињата на новите партнери со кои ќе соработуваат на Windows Phone. Foxconn, Gionee, JSR, Karbonn, Lava (Xolo), Lenovo, LG, Longcheer и ZTE се новите соработници на Microsoft, објави компанијата на Mobile World Congress во Барселона. Новите партнери ќе им се приклучат на Nokia, Samsung, HTC и Huawei кои веќе излегоа со Windows Phone 8 уреди.

Освен ова Microsoft најави дека ќе отстрани дел од побарувањата за производителите кога е во прашање Windows Phone оперативниот систем. Телефоните повеќе нема да мора да доаѓаат со камера, копче за назад и копче за пребарување. А наскоро ќе пристигне и поддршка за Snapdragon 200 и 400 процесорите. Microsoft објави и дека конечно Facebook Messenger апликацијата наскоро ќе им биде достапна и на Windows Phone корисниците.

Компанијата го потврди и пролетното излегување на првата надградба на Windows 8.1. Џо Белфор од Microsoft ги потврди најголемиот дел од неофицијално објавените податоци за надградбата Window 8.1 Update 1. Power и Search копчињата доаѓаат на екранот, а надградбата доаѓа со помало побарување на меморија и простор кој го зафаќа на дискот. Намалените хардверски побарувања треба да овозможат Windows 8 да биде употреблив со постарите компјутери.

1 коментар на “Наскоро и Lenovo, ZTE и LG ќе продаваат Windows Phone телефони

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии