Наскоро Donesi.com и во Македонија

Donesi.com значи дека корисниците можат лесно да нарачаат храна преку Интернет, додека за рестораните значи дека полесно ќе ги примат нарачките, тргајќи го телефонот од равенката.

Гледајќи ја српската верзија на Donesi.com може да видите дека при посета на сајтот се одбира град/локација во градот и се прегледува листа на рестораните. Македонската верзија најверојатно на почеток ќе биде само за Скопје. Секој излистан ресторан си има објавено свое мени, заедно со опција за листање на храна според состојките во неа. Секој ресторан си има место за користички рецензии за споделување на искуството. Одберената храна се сместува во корпата, се нарачува, се добива потврда дека нарачката е одобрена и плаќањето се врши во готовина.

9 коментари на “Наскоро Donesi.com и во Македонија

  1. Cenite vo Belgrad na hranata se znacitelno povisoki od Skopje i restoranite mozat da si ja dozvolat provizijata od 9% za servisot, Vi posakuvam uspeh so naplatata pozdrav od restorani.rs

  2. moja prognoza e deka ke go koristat iskucitelno mal broj na lugje i toa mnogu kratok vremenski period. bi sakal da uspee za da ne bidam pogresno svaten no koga na mokniot google ne mu proagjaat nekoi servisi kaj svetskata populacija togas i ova nema nekoja garancija.
    eve nekoj neka kaze sto stana so grouper.mk i kolektiva. toa od poodamna e aktuelno a namenata vo sustine e ista.

  3. Општ пример за тоа што прво ни иде на ум кога ќе видиме ваков сервис.
    Што ако не му платам? го зафркнам? и ред друго..
    Дајте 21век сме.

  4. Сметка се верификува со код кој се испраќа на мобилен. Ресторанот може да се јави кај нарачателот за да ја провери нарачката ако почувствува потреба од тоа. :)

  5. А што прави Donesi.Com ако нарачателот на јадењето се предомисли у меѓувреме, или ако нарачателот не е сериозен и внесол погрешна адреса ( адреса што не постои ).

    1. Пишува на српската верзија „Уколико сте регистровани корисник, одмах ћете бити прослеђени на страну са Вашим подацима за испоруку, које требате да потврдите и самим тим се наруџбина прослеђује ресторану.“. Но, како и што се случува со утнати/лажни нарачки не би знаел да одговорам. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии