Наскоро Chrome ќе ги обележува HTTP страниците како небезбедни

Дејан Соколоски

во feature, Веб

Image courtesy of Google

Оваа година Google Chrome ќе започне сите HTTP страници да ги прикажува како небезбедни. Ова започнува со следната верзија на прелистувачот Chrome 68.

Ова доаѓа по долг период во кој на HTTPS се гледаше како на луксуз кој е потребен на страниците на кои се прикажува чувствителна содржина. Сепак, благодарение на неколку иницијативи, денес најголем дел од интернетот е сo HTTPS прoтокол.

Побезбеден Интернет

Слични промени најавува и Mozilla. Наскоро најверојано и на Firefox ќе биде достапна сликичка на прешкртан катанец кој означува небезбеден сајт. Добрa вест е дека најголем дел од сообраќајот сега се одвива преку HTTPS. Дури 68% од сообраќајот на Android и Windows е заштитен. Уште подобри се резултатите преку Chrome OS и Mac, со 78% од сообраќајот преку HTTPS. Од секои 100 вебстраници, до 81 се пристапува преку HTTPS.

Новата верзија на Chrome доаѓа со неколку API кои можеби ќе бидат поинтерсени за девелоперите. CSS Paint API овозможuва програматичко генерирање на слики кога CSS очекува слика. Друга, и најверојатно покорисна алатка ќе биде Server Timing API. Алaтката овозможува тест на перформансите на веб серверите и препраќање на податоците преку HTTP. Алатката ќе им помогне на девелоперите да добијат покомплетни податоци за перформансите на серверот.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии