NASA симнува видеа од Вселената со ласери

NASA успеа да преземе видео од Интернационалната вселенска станица користејќи интернет преку моќен ласер. „Неверојатно е да се види овој прекрасен светлосен зрак како пристигнува од вселенската станица“, вели Мет Абрамсон од OPALS мисијата на NASA. Tехнологијата овозможува трансфер на податоци во вселената од 10 до 1000 пати побрз отколку со технологијата која се користи во моментов. Вселенската станица се движи во однос на земјата со брзина околу 28.000 km/h. Тоа што го направи NASA е толку лудо, што може да се спореди со гаѓање со ласер на 10 метри во цел со големина на влакно од коса додека се оди.

Откако ја погоди целта со 2,5 ватниот ласер, NASA ја започна трансмисијата која траеше 148 секунди со максимална брзина од 50 мегабити. За испраќање на видеото беа потребни 3,5 секунди. Доколку се преземаше со традиционални средства видеото „Hello World“ ќе беше преземено за околу 10 минути. Разликата помеѓу двете технологии е споредлива со разликата помеѓу DIalup и DSL. Во иднина технологијата би можела да донесе побрз пренос од сателититие кои се во орбитата, но и од роверите кои го истражуваат Марс.

[youtube]1efsA8PQmDA[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии