NASA сака секое домаќинство да има свој аеродром за беспилотни летала

Ако планот на Amazon го прифативме со малку сомнежи, сепак кога станува збор за американската вселенска агенција NASA, тогаш темата за контрола на дроновите станува посериозна дискусија. NASA организира голем собир на кој ќе се разгледува систем за управување со беспилотни летала што ќе овозможи летање без да се загрози безбдноста на останатите авиони.

Станува збор за долгорочен проект кој подразбира креирање на систем за контрола и управување со беспилотните летала, јави Fast Company. Потребата од ваков проект не произлегува само од барањата на Amazon и Google кои би сакале да ги користат леталата за достава на пратките, туку и можноста истите да бидат користени од полицијата, пожарникарите и службите за итни интервенции. Наместо повеќе парцијални решенија NASA предвидува креирање на единствено решение кое ќе ги опфати сите: од хобистите па се до компаниите кои сакаат да користат беспилотни летала за фотографирање на објекти или достава.

„Верувам дека секое домаќинство ќе има беспилотно летало и секој дом ќе биде аеродром за овие летала во иднина, ние сакаме да ја овозможиме оваа иднина“, вели Паримал Копердекар од NASA NextGen Project. NASA предвидува план кој ќе биде во две фаза: во првата фаза се предвидува креирање систем со кој дроновите ќе можат да летаат безбедно за што покусо време. Вторaта фаза е скaлабилност на операциите и постигнување на потребниот капацитет за поголема безбедност и ефикасност во следните десет години.

За постигање на решенијата потребно е да се креира систем кој ќе овозможи безбедно летање во јавен простор и пронаоѓање на начин за комуникација помеѓу леталата, нешто слично што е овозможено со автомобилите. Креирањето на овој систем е во четири надградби – основата ќе биде достапна веќе следниот месец и ќе подразбира креирање на можност за резервирање на возушниот простор за летови; втората надградба ќе овозможи леталата да летаат надвор од видокругот на операторите и закажана е за октомври 2016 година; третата надградба треба да обезбеди следење на леталата и комуникација помеѓу истите, но и комуникација на леталата преку интернет и по оваа надградба веќе би требало да биде овозможена ограничена достава до домовите. Последната надградба треба да биде готова во март 2019 година и подразбира летови над урбана средина, креирање на можности за погуст сообраќај и автономна комуникација помеѓу леталата.

Покрај постоечката Федерална агенција за авијација која и во иднина би можела да управува со летовите и за беспилотните летала, во NASA предлагаат и решенија за повеќе независни агенции кои можат да бидат и локални. Во моментов на решение реаботат над 125 компании и академици и федерални агенции како Федералната агенција за авиосообраќај, Минстерството за одбрана и Одделот за домашна безбедност, откри г. Копердекар.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии