NASA осмисли ѓердан за превенција на допирање лице

Колку и да сме внимателни, мислите не носат на различни места и, порано или подоцна, може да случи да го допреме лицето со валкани раце. Ова е нешто што мора да се избегнува во добата на коронавирусот, а NASA, како и многу други организации, не седат со скрстени раце и осмислуваат најразлични помагала кои можат да помогнат подобро да се справиме со епидемијата.

NASA Pulse е ѓердан кој помага во превенцијата на допирање лице така што секојпат кога ќе ги приближите рацете кон лицето, сензорот ги детектира и ѓерданот почнува да вибрира. Честото вибрирање влијае на меморијата, а носителот полесно се здобива со новата навика.

Вибрацијата го потсетува носителот да си ги врати рацете каде што биле.

За жал, ѓерданот не можете да го купите туку е потребно сами да го направите, што, за многумина, е блиску до невозможно; потребен е 3D принтер, соодветно знаење, воља и трпение. NASA објави сè што е потребно за правење на ѓерданот, но доколку не добиете пристап преку официјалниот сајт, можете целосно да се информирате тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии