NASA ќе испрати HoloLens очила на Меѓународната вселенска станица

HoloLens е најновиот уред што ќе им помага на астронаутите успешно да ги завршат вселенските мисии. Иако не би било невообичаено да се користат за тренинг на земјата, HoloLens очила заедно со следнатa пратка ќе бидат испратени на Меѓународната вселенска станица.

Иако уште во презентацијата на HoloLens можевме да видиме пример како очилата се користат за поправање на проблеми во кујната, најверојатно ретко кој помисли дека би можеле да имаат слична функција и во вселената. NASA и Microsoft веќе имаат направено 45 тестови во 0-гравитација, за да обезбедат дека нема да има непредвидена работа на уредот.

Доколку ја следите HoloLens технологијата, тогаш знаете дека очилата имаат камери кои овозможуваат „операторот“ да има увид во погледот на корисникот, односно да гледаат иста работа. Очилата овозможуваат испраќање на шеми, па дури и упатства директно на опремата. Со оглед на тоа дека речиси постојано астронаутите се во комуникација со експертски тимови на Земјата, можноста за користење на очилата со кој тимот од Земјата ќе може да видат сѐ што гледаат и астронаутите е непроценливо.

Hololens на Меѓународната вселенска станица ќе се користи како современо упатство, односно ќе презентира она што е важно за процедурата која е активна во моментот. За споредба во прво време за ова порано се користеа листи на хартија, кои се заменети од лаптоп и таблет компјутери, а наскоро ќе ги заменат со проширена реалност, вели Motherboard.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии