NASA ќе ги опреми роботите во Вселената со паметни телефони

NASA планира на 11 јули да ги испрати Google Project Tango телефоните во Вселената. Телефоните би се споиле со роботитите SPHERES во вселенската станици и би се користеле како поддршка, односно очи и мозок за роботите, извести ВВС. Доколку се покажат како функционални, роботите би можеле да ги заменат астронаутите во поедноставните задачи, но и поопасни мисии надвор од Интернационалната вселенска станица.

„Сакавме да додадеме комуникација, камера зголемена процесирачка моќ, брзинометар, и повеќе сензори. И додека размислувавме што да направиме свативме дека одговорот е во нашите раце… Да користиме паметни телефони“, вели Крис Провенчер кој е менаџер на проектот.

Процесорот и сензорите кои се користат во Project Tango без сомневање би овозможиле далеку поголема функционалност отколку стандардните телефони, а со оглед на тоа дека станува збор за релативно нова технологија ќе им овозможи на роботчињата далеку подобро движење и ориентација во простор. Дел од новите функции кои ќе им бидат достапни отсега на роботите се камера, можност за комуникација, поголема процесирачка моќ, брзинометри, и сите сензори кои се на располагање на Project Tango. Роботите се креирани во 2006 година, но тогаш единствено беа способни за прецизни движења.

Моќните сензори за 3Д мапирање на Project Tango дополнително ќе ги зголемат можностите на SPHERES, иако телефонот на Google сè уште е во развојна фаза и освен дел од области на примени како мапирање на внатрешност; како помагало за слепи лица или за овозможување на позабавен гејминг; сè уште се бараат нови области каде би можела да се искористи технологијата. Google во соработка со LG неодамна излезе со нов Project Tango таблет компјутер.

[youtube]_Jf2FOSIDLI[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии