NASA ја отвори архивата, започува да прикачува видеа на YouTube

Дејан Соколоски

во feature, Веб

NASA најави дека ќе прикачи нови 500 видеа на својот YouTube канал. Ова е одлична вест за сите љубители на аеронаутика кои ќе можат да се потсетат на некои историски значајни подвизи.

Најголем дел од настаните се поделени во неколку видеа, често покуси од 1 минута. Целата на споделувањето на овие видеа е да се приближат до јавноста која често не знаеше каде да ги побара. NASA пак има куп снимени содржини, па често пребарувањето ако точно не се знае што се пребарува е комплицирано.

„NASA има толку многу содржини кои јавноста не ги ни погледнува, поради проблемите за пронаоѓање на содржината. Се надеваме дека со преместување на содржината на платформи кои се попристапни, повеќе љубители на NASA и членови на медиумите ќе пристапуваат до содржините почесто и ќе бидат вклучени во она што се случува во NASA“, вели Ребека Ричардсон за Motherboard.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии