NASA бара Интернетот да го избере идното вселенско одело

Вселенската агенција NASA за прв пат по мисиите на месечината, дизајнира одела со кои космонаутите ќе можат да се движат по површината на Марс. Инспирирана од позитивните критики кои ги доби од јавноста за NASA Z-1 оделото, вселенската агенција се одлучи да отиде еден чекор понатаму и изборот на изгледот на NASA Space Suit Z-2 да им го остави на фановите. Подготвени за избор се неколку модели, но конечниот изглед на вселенските одела е оставен на фановите кои имаат можност да гласаат.

„Немаме креирано вселенско одело со кое ќе се користи на површината откако отидовме на Месечината. Како што може да замислите од тогаш се сменети многу работи, а овие промени ќе ги вклучиме во оделата на астронаутите кога ќе одат на Марс“, вели Даниел Хуот, портпарол на NASA.

Станува збор за изгледот на оделата, а NASA нуди три опции „биомимикрија“, „технологија“, „трендови во општеството“. Биомимикрија е мотивиран од рибите и останатите суштества кои живеаат на морското дно. Електролумунесентната жица поставена во оделото ќе овозможи полесна локација во случај на намалена видливост. Технолошкиот изглед потсетува на TRON и фановите на филмот, а како и претходниот дизајн и овој е со електролуминисцентна жица. „Трендови во општеството“ е инспириран одспортската облека, единствена разлика се претходните дизајни е жолтеникавото светло со кое зрачат ознаките.

Моментално во водство е вториот дизајн – технологија кој барем засега со 65 отсто од гласовите и 72,000 гласови е омилен кај гласачите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии