Томислав Миленковиќ и неговите колеги од Швајцарскиот институт за технологија развиваат технологија која ќе им помогне на луѓето со повреди на ‘рбетниот столб. Прекинот на нервите е една од причините за парализа, а г. Миленковиќ и неговиот тим започнаа со тестови на мајмуни, јави Nature.

Image: Nature.com
Првите резултати се охрабрувачки, а тимот на два парализирани резус мајмуни им овозможи да одат. Двата мајмуни беа со оштетен ‘рбет. Истражувачите вградија имплант во мозокот на мајмунот кој ги отчитува сигналите и ги пренесува до безжичен предавател. Предавателот комуницира со компјутер кој потоа ги дешифрира пораките, создава потребни сигнали и ги испраќа до втор имплант вграден зад прекинот во ‘рбетниот столб; во случајот тоа е делот каде се наоѓаат нервите кој ги даваат сигналите за движење на ногата.
Претходно слични експерименти се користеа и на луѓе, но ова е првпат да се користи безжично поврзување. Дополнително, подобрени се имплантите, што можеби е и најголемиот напредок наместо да се вградат во нервите, сега тие се поставуваат на ‘рбетниот столб, а не во него како досега.
Најголемотo охрабрување е дека вообичаено оваа технологија брзо се пренесува од примати на луѓето, па набрзо можеби ќе има и тестови на луѓе, што во иднина може значително да им помогне на сите кои имаат повреди на ‘рбетот.







