Напредно управување со Chrome екстензии со NooBoss

Поради едноставниот приказ и опции, управување со екстензиите преку прелистувачот Chrome е прилично лесно, но во случај да сакате повеќе од една листа преку која активирате, деактивирате или отстранувате екстензии, тогаш NooBoss е екстензија која ќе ги построи сите други екстензии.

NooBoss ги прикажува сите ваши екстензии, односно add-on-и преку посебен панел и тоа како листа или како множество од икони. Во случај да имате многу екстензии, имате можности за брзо пребарување преку вградениот пребарувач, како и да добивате десктоп нотификации при надградба на некоја екстензија. Најдоброто од сè, NooBoss ви дозволува да креирате правила според кои одредени add-on-и ќе бидат активирани при посетување на само одредени сајтови. Па така, можете да прилагодите активирање на екстензија за блокирање реклами само при посета на сајтови за кои знаете дека се полни со фрустрирачко многу реклами или пак активирање серија од екстензии за поквалитетно уживање во потенцијалите на YouTube.

Имајте предвид, меѓутоа, дека со активирање на екстензијата NooBoss автоматски станувате дел од нивната заедница, но лесно можете да се повлечете од таквото опкружување со избирање на соодветната опција.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии