Напредно бришење програми со BCUninstaller

BCUninstaller e програм со кој можете да бришете други програми. Самиот оперативен систем има солидна алатка за ова, до која доаѓате преку Settings, па избирање Apps, но за масовно, брзо и длабоко бришење се препорачува BCUninstaller.

BCUninstaller го скенира вашиот хард диск и ги листа сите програми што ќе ги пронајде, со опции за нивно подредување според одредени параметри. Изберете ги програмите кои сакате да ги избришете од листата и изберете ја опцијата Uninstall quietly доколку сакате програмите сами да си се избришат, без да се прикажуваат прозорци кои бараат дополнителни кликнувања од вас.

Bulk Crap Uninstaller 5.0 - Opera News

Најновата, петта верзија на BCUninstaller може да се пофали со следниве опции:

  • Автоматско создавање System Restore Point пред секое бришење. На овој начин, ќе можете да вратите назад, доколку компјутерот почне да се однесува сомнително
  • BCUninstaller може автоматски да го успие компјутерот откако ќе заврши со бришење апликации. За таквото нешто, штиклирајте ја опцијата: Put PC to sleep when done
  • Одстранување на копчето Donate и подобра поддршка за прикажување на алатката во високи резолуции

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии