Напредни PDF можности со Advanced PDF Reader 2

Кога се работи за читање PDF документи, многумина се целосно задоволни да го направат тоа директно од прелистувачот. Иако таквото нешто е сосема во ред, обично останувате со празни раце доколку посакате да направите нешто повеќе од читање.

За напредни можности при справување со PDF документи, би можеле да ги проверите потенцијалите на Advanced PDF Reader 2. Се работи за мала,, но моќна алатка која ви дозволува да прикажувате повеќе PDF документи, како и да делите или спојувате одредени страни од еден документ со страни од друг документ. Делови од страните можете да отсечете, како и да ротирате, но и да вметнувате дополнителен текст и фотографии.

Advanced PDF Reader 2 ќе ви излезе во пресрет и доколку сакате да прикачите корисни белешки, да истакнете одредени делови од текстот, па дури и да го префрлите PDF документот во Word документи, или во форма на слика. При работа со исклучително долги документи, дефинитивно помага тоа што можете на брз начин да го пребарувате целиот текст низ документот за да пробате да ги најдете саканите клучни зборови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии